ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Четворицата малолетници се во стабилна состојба, ќе останат на Токискологија уште неколку дена

Четворицата малолетници кои вчера во тешка здравствена состојба и во бессознание беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија, денеска се во стабилна состојба, информира директорот на Клиниката Андон Чибишев во изјава за „360 степени“.

Advertisements

„Сите четири лица се во стабила состојба, свесни се и контактибилни“, вели Чибишев.

Тој додава дека, според направените анализи, кај малолетниците, кои се на возраст од 14 до 17 години, било регистрирано присуство на психотропни супстанци, но не било пронајдено дека користеле алкохол.

„Лицата немаат посериозни повреди на главата или телото, а она со што беа вчера донесени е санирано“, додава Чибишев.

Малолетниците, вели директорот на Токискологија, ќе бидат задржани на Клиниката уште неколку дена и нивното лекување ќе продолжи.

Вчера, четворицата – две момчиња и две девојчиња – беа однесени на Клиниката во бессознание, по што беа преземени мерки за нивна реанимација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button