ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Четврти ден собраниска расправа за ребалансот на буџетот

Собранието денеска треба да ја продолжи 20-тата седница во рамки на која четврти ден ќе се расправа по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на државниот Буџет за 2020 година, односно вториот ребаланс за годинава, кој според власта е потребен за справување со вториот бран од пандемијата со Ковид-19 и за ефектуриање на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра.

Во досегашната расправа, пратениците од владејачките партии порачаа дека намалувањето на капиталните инвестиции со ребаланост е со единствена цел да се овозможи да се исплатат средства за оние на кои им се најпотребни за да се справат со последиците од коронакризата, а за опозицијата носењето на вториот ребаланс годинава се должи на непрактичното работење на власта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button