МАКЕДОНИЈА

Член од обезбедувањето на премиерот Мицкоски приведен под сомнение за оддавање службена тајна

Од МВР попладнево излегоа со информација дека Ангел Самараков од Велес, кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е уапсен под сомнение дека оддал службена тајна. Тој падна во акцијата спроведена од Обвинителството за гонење на корганизиран криминал и корупција. Обвинителот направил повеќе истражувања, меѓу кои и претреси во неговиот дом и возила. Самараков, според МВР, незаконски поседувал материјали од Минситерството, кои ги оддавал на трети лица.

Advertisements

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата. Засега останува непознато за какви материјали станува збор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button