ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Членот на ДИК сè уште не е ставен на гласање, реагира Биљал Касами

Сè уште не е познато кога имињата на двајцата кандидати кои се избрани од политичките партии за член на ДИК, ќе бидат ставени на гласање во Собранието. Две третини од пратениците мора да гласаат или за Абдуш Демири предложен од Беса и Движењето Алтернатива или за Зулфи Адили, предложен од Европската демократска партија на екс-министерот за земјоделство Аријанит Хоџа. Од албанската опозиција велат дека ним им припаѓа празното место во ДИК и оти оваа институција не смее да остане со еден член помалку.

Advertisements

„Владата и мнозинството преку некои сателитски партии се обидуваат да ја спречат албанската опозиција да има свој член во ДИК. Нема да дозволиме некомплетна изборна комисија да излезе на избори бидејќи тоа носи опасност и оневозможува граѓаните да имаат еднакво право да го дадат својот глас и да направат политичка ротација“, вели Касами.

Премиерот Ковачевски само вели дека членот на ДИК треба да се избере врз основа на законот, но не прецизираше на која партија треба да ѝ припадне празното место, според негово видување.

Лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски ден претходно изјави дека доколку продолжи овој пристап и ако албанската опозиција биде спречена да добие член во ДИК, тогаш ВМРО ќе размисли да ги повлече своите членови, бидејќи постојат сомнежи за нелегитимен изборен процес.

ДИК во моментов има шест члена, тројца од СДСМ, двајца од ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи го и претседателот и еден од ДУИ. Едно столче кое треба да го добие албанската опозиција стои празно.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button