Се шири „огнената група“ – Се приклучува и членот на Централното собрание на Алијанса, Роланда Превала Кадриу

Пратеничката на Централното собрание на Алијансата за Албанците, Роланда Превала Кадриу, се приклучи на огнената група на ДУИ предводена од потпретседателот на оваа партија, Изет Меџети. Ова го објави Меџити на својот Фејсбук профил.
Роланда Превала Кадриу, пратеничка на Централното собрание на Алијансата за Албанците, гордо се приклучи на каузата што ја водиме“, напиша Меџити.
Како што дознава телевизијата Алсат, Роланда Превала Кадриу не се согласила со одлуката на АА да влезе во Владата поради незадоволство од досегашната работа на извршната власт.
Огнената група веќе подолго време бара заминување на Артан Груби од ДУИ поради незадоволство од неговата работа и од другите министри од ДУИ во Владата.
Но, ова барање во континуитет е одбивано од првиот човек на партијата, Али Ахмети, по што двете групи познати како „Огнени“ и „Ахметисти“ одржуваат средби со гласачкото тело за да ги изнесат своите ставови.