ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Членови на МАНУ: „Македонија да ги прекине преговорите со Бугарија“

Преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат бидејќи нејзините барања кон Македонија се спротивни на меѓународните конвенции. Ова го вели академик Катица Ќулафкова, според која, по неодамнешните барања на бугарската страна, земјава нема гаранции дека ќе започне преговори со ЕУ.

Advertisements

Ќулафкова додаде дека македонските политичари ги поддржуваат тезите што не се во интерес на Македонија, туку на нејзините соседи и на други држави. На 30-годишнината од основањето, претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, изјави дека е неопходно да се разбуди колективната свест  и да се заштити нацијата.

Претседателот на МАНУ, незадоволен од случувањата, дури предложи на Министерството за образование да му се одземат надлежностите за подготовка на стратегии за развој на образованието и науката и тоа да го преземат МАНУ, универзитетите и стопанските комори.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button