Членовите на Комисијата за европски прашања го одбија барањето на ВМРО-ДПМНЕ за јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност

Во собраниската Комисија за европски прашања денеска почна седницата на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.
На почетокот на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дневниот ред да се дополни со уште една точка – Предлог одлука за одржување јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност, која би се одржала на 28 јули. Оваа барање на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од членовите на Комисијата за европски прашања.