ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Членовите на судскиот совет без чувство на одговорност

Членовите на судскиот совет не чувствуваат одговорност и ја оспоруваат интерпелацијата во Собранието поднесена од владејачкото мнозинство. Во одговорот за поднесените интерпелации некои од нив навеле дека интерпелацијата насочена само кон одредени членови нема да донесе конкретни правосудни реформи.

Advertisements

„Со интерпелацијата спрема поедини членови не се врши никакви суштински реформи не се вршат во судството, бидејќи персоналната измена не може да се третира за суштинска реформа. Јас тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на судскиот совет и затоа да ви кажам најискрено не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка“, рече Тања Чачарова Илиевска, член на Судскиот совет.

За разлика од Чачарова-Илиевска, членот Миљазим Мустафа не сакаше да открие дали ќе си поднесе оставка.

„Се произнесовме по сите основи коишто беа наведени во интерпелацијата и се надеваме дека ќе има позитивен исход. Мислам дека треба прво да го почека исходот, па после ќе бидеме на чисто сите“, рече Мустафа.

Покрај Мустафа и Чачарова Илиевска интерпелацијата се однесува уште и за Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева, односно за оние кои преку законодавниот дом добија место во советот. Откако членовите веќе доставија одговор за интерпелациите, Собранието сега ќе треба да закаже седница за да се гласа по истите, а која се очекува да се одржи следната недела. Но, дури и пратениците да им изгласаат недоверба, на крај самите членови се тие кои ќе треба да одлучат дали ќе се повлечат од советот или не.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button