ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Членството на ДУИ денеска се изјаснува за ново раководство на 14 партиски ограноци

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржува внатрепартиски избори на кои членството ќе треба да се изјасни за ново раководство на 14 партиски ограноци.

Advertisements

„Го повикуваме членството слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризари, Велес“, се наведува во соопштението на Демократскта унија за интеграција.

На денешните внатрепартиски избори, членството ќе гласа за избор на претседатели на ограноците, за членови на раководството на ограноците, за претседатели на локалните подограноци и за членови на раководството на локалните подограноци. Процесот ќе го води партиската изборна комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button