МАКЕДОНИЈА

Човечкото невнимание причина за 95 проценти од пожарите, ризик се и високите температури

Пожарите се причина поради која секоја година светот губи шуми, човечки животи, и се соочува со материјални штети. Високите температури секое лето ги навестуваат „беснеењата“ на огнените стихии и го наметнуваат прашањето за подготвеноста на институциите да се соочат со нив. Несомнено пожарите се проблем и за развиените земји, но се особено предизвик за земјите во развој како што е Македонија.

Генералниот заклучок на надлежните е дека сме поподготвени во однос на минатата година за справување со пожарите, но оти уште треба да се работи на недостатоците.

Драги Тарчуловски, државен советник во Центарот за управување со кризи (ЦУК), за МИА појаснува дека оваа година за разлика од минатата имаме на располагање два специјализирани воздухоплови во Дирекцијата за заштита и справување со пожари. Дополнително на располагање се ставени и хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија кои се специјализирани за гасење пожари, а како што вели Тарчуловски, првпат оваа година за разлика од минатото оспособен е и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи за гасење пожари на отворен простор.

Сепак, оценува дека кога би се повториле пожарите од минатата година, несомнено би ни била потребна помош од другите земји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button