ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Човек нападнат од мечка кај Македонски Брод

Едно лице e нападнато од мечка на потегот меѓу селата Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, информира ЦУК.
Нападнатиот бил спасен од ловци кои случајно биле во близина на местото на нападот и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала. Нападнатото лице кое било преплашено се здобило со телесни повреди.
Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден.