СПОРТФУДБАЛ

Чуамени, ќе го пропушти финалето од Лигата на Шампионите

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, ќе го пропушти финалето од Лигата на Шампионите против Борусија Дортмунд, пишува „Марка“.

Advertisements

Францускиот репрезентативец се повреди на реванш полуфиналниот натпревар против Баерн Минхен, во триумфот од 2-1. Тој има скршена метатарзална коска на левото стапало што ќе го спречи да учествува во клучниот натпревар на „Вембли“ на 1 јуни.

Чуамени се консултирал со различни лекари со надеж дека ќе може да се опорави за средбата со „жолто-црните“. Тој дури отпатувал во САД за да го слушне мислењето на американски специјалист. Сепак, лекарите го советуваа да не брза, а сега целта на фудбалерот е да се опорави за ЕВРО 2024, кој започнува на 14 јуни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button