МАКЕДОНИЈА

Чума кај козите и овците се шири во Грција

Нова болест се појави кај животните. Станува збор за болеста-чума кај козите и овците. Поради болеста, во Грција и Романија уништени се речиси 17.000 грла. За оваа болест нема лек, освен вакцинацијата. Надлежните велат дека увозот на месо од Грција е под контрола.

Advertisements

„Ние како држава Македонија имаме извоз на млеко и млечни производи, волна и кожа. Тоа ќе се одрази и на стопанството и економски Македонија ќе изгуби многу. Има опасност тоа да биде и кај нас, но преземаме мерки, а договорени сме и со ЗЕЛС, од каде неопходна ни е помош, затоа што болеста кога ќе настане не е штетна по здравјето на луѓето, но е штетна по овците и козите. Со министерството за внатрешни работи се договоривме да имаме поголема контрола и на легалниот увоз на животни“, рече Оливер Миланов- директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Земјава треба навреме да се подготви, доколку се појави болеста, многу брзо да се спроведат мерките, препорачуваат експертите. Во Македонија пак веќе е прустна т.н африканска чума кај свињите. Состојбата е на стабилно ниво, а досега се угинати околу 10 000 свињи.

„Ова се многу сериозни болести. Главен акцент за контрола на болеста е со имплементирање на строги мерки, кои вклучуваат убивање на сите животни кои се заразени, нема други мерки, односно постои вакцинација, но доколку се примени вакцинација, тоа ќе има последици во однос на извозот на производи од земјата. Во нашиот случај тоа е извозот на јагнешко месо, кое е многу битен за македонското стопанство“, рече Тони Киранџиски- лидер на проектот за контрола на заразни болести во Западен Балкан.

„Во овој период се работи на тоа, фармерите да бидат запознаени и секој сомнеж се пријавува навремено за да може да се реагира“, вели Игор Џаџовски, професор на Факултет за ветеринарна медицина.

Во Охрид педесеттина експсерти од дваесет и две европски држави, дебатираа за предизвиците со кои земјите се соочуваат со овие болести.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button