Чупи: Ќе ги отвориме вратите за бегалци од Украина

Република Северна Македонија ќе ги отвори вратите за бегалци од Украина. Ова во „Економски магазин“ го соопшти министерот за дијаспора, Џемаил Чупи. Според него, Северна Македонија, како и другите земји-членки на НАТО, несомнено ќе ги понуди сите свои расположливи капацитети за помош на Украина.
„Во однос на идејата дека контингент граѓани кои се бегалци, доаѓаат во нашата држава, ние веќе имаме претходно искуство, овој контингент е добредојден кај нас, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Република Македонија е подготвен да прифати таков контингент бегалци во согласност со обврските на НАТО. Капацитетот на државата и сите други капацитети, верувам дека навреме ќе бидете информирани од надлежните институции“, рече министерот Чупи.