
Од 208 телефонски повици примени во Ало Бушавко во текот на изминатата година, децата најчесто пријавиле психолошки проблеми како што се страв, анксиозност и гнев, кои произлегуваат од нарушени односи меѓу родителите. Во детската линија за помош на првата детска амбасада „Меѓаши“ пријавените проблеми беа главно од деца на возраст од седум до девет години, од кои 108 машки и 87 женски.
Од децата кои контактирале со „Ало Бушавко“, околу 97 деца се пожалиле на страв и анксиозност, 93 на тешкотии со гнев и 79 деца изразиле длабока загриженост за себе. Најчесто пријавениот вид на насилство бил емоционален, но 18 случаи на деца пријавиле физичко насилство врз нив.
Децата пријавиле и прекршувања на правата на децата во образованието. Од вкупно 18 случаи, 16 се однесуваат на неправилности во односите со наставниот или стручниот кадар. Најголем дел од децата кои се јавиле на бројот за помош биле од урбаните средини, додека според етничката припадност, 168 од повикувачите биле од македонско потекло, 16 Албанци, 7 Роми, додека за 17 случаи етничката припадност не е утврдена.
Авни Тахири