СПОРТ

Во Јуџин, поставен е нов светски рекорд на 400 метри со пречки

Сидни Меклафин-Леврон го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки и тоа на националните олимписки квалификации во Јуџин.

Advertisements

Таа патеката ја истрча за 50,65 секунди, со што обезбеди пласман на Олимписките Игри во Париз. Меклафин го собори сопствениот рекорд, поставен пред две години на Светското првенство во Јуџин (50,68 секунди).

Американката освои златни медали на 400 метри со пречки и со штафетата 4×100 метри на Игрите во Токио во 2021 година. Олимписките игри во Париз ќе се одржат годинава и тоа од 26 јули до 11 август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button