
Претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) Панче Ќумбев денеска имаше работна средба со новиот претседател на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ.
Вредно е да се спомне дека после подолг период на неактивна комуникација со Фудбалската Федерација, беше повторно воспоставена директна соработка од којашто треба да произлезат повеќе проекти , коишто чекаат подолго време да се реализираат.
Едно од најгорливите прашања во решавањето на споровите коишто произлегуваат во фудбалското работење, беше неактивноста на Арбитражниот суд при ФФМ.
„Со гордост можеме да кажеме дека денес добивме потврден одговор дека следниот период ќе се започне со организација и работа на арбитражата при Фудбалската Федерација на Македонија, којшто процес ќе биде потмогнат како од наша страна и од Фубалската федерација, така и од ФИФПРО и УЕФА“, велат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.
Исто така на средбата беше дискутирано и за потесна соработка и на други нови проекти, за кои што двете страни се оптимисти дека во иднина ќе се реализираат.