
Поради бодовната предност, но и распоредот до крајот на сезоната, Ливерпул има најголеми шанси прв да ја мине целта. Така мисли суперкомпјутерот „Опта Статс“, компанија специјализирана за проекции и статистичка обработка на најсилните европски лиги.
По вчерашните натпревари, 10.000 пати бил симулиран финишот на сезоната во Премиер лигата и првпат оваа сезона фаворит за титулата не е Манчестер Cити. Симулациите покажале дека во дури 47,7 отсто од случаите титулата ја освојува Ливерпул, што е за 12,4 отсто повеќе отколку пред 30. коло.
Шансите на Манчестер Cити изнесуваат 33,5 отсто, што е помалку од 12,4 отсто, додека Арсенал и понатаму има 18,8 отсто шанси да ја освои титулата. Да потсетиме, Сити освои пет од последните шест титули, а во 2020 година шампион беше Ливерпул на кој му беше прва титула по 30 години. Арсенал последен пат беше шампион пред 20 години.