СВЕТ
Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерската позиција за Украина, вели Руте

Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави (САД), Владимир Путин и Доналд Трамп може да се смета за позитивен чекор со кој се обновува комуникација, вели генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Да бидеме благодарни на САД што ја презедоа лидерската позиција за Украина“, рече Руте пред почетокот на денешниот заеднички состанок на министрите за одбрана и за надсворешни работи на земјите членки на Европската Унија.
Според него, тоа што го направи Трамп е многу важно за процесот.
„До јануари годинава немаше разговори со Русите. Драго ми е што Трамп го скрши мразот и ја презеде лидерската улога. Му честитам за тоа“, кажа тој.