ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Да не дозволиме нашите соседи да нѐ користат за покажување мускули порача Мицкоски за случајот Блерим Рамадани

Случајот со Блерим Рамадани е уште една потврда дека правосудството не за бадијала ужива два проценти доверба кај граѓаните и сѐ додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава, смета премиерот Христијан Мицкоски.

Advertisements

Во однос на тоа дали има информации каде се наоѓа Блерим Рамадани, Мицкоски вели дека „не е прашањето каде е тој, туку зошто е одлучено да биде во домашен притвор“ и дека тоа е „ прашање кое што треба многу сериозно да се разгледува“.

-Што се однесува до лицето Блерим Рамадани можам да го кажам следново. Ова не е прв случај. Првиот случај се случил во 2016, а вториот случај во 2019 година. Ова е трет случај за којшто јас сум запознаен. Ме прашавте дали имам информација каде е, знам каде не е. Не е во домашен притвор. Е сега прашањето е зошто е одлучено да биде во домашен притвор. Затоа што одлуката во 2019 година на Врховниот суд е многу јасна – кога тогашното лице кое што било во екстрадикциски притвор е ослободено. Зошто овој судија којшто во минатото е познат по многу контроверзни судски одлуки меѓу кои и онаа за насилниците и тепачите од МНАВ носи одлука која што го суспедира како тоа е наречено судската пракса и ја надсинхоринизира одлуката на повисокиот суд, а тоа е Врховниот суд тоа е прашање кое што треба многу сериозно да се разгледува, изјави Мицкоски.

Прашан дали стапил во контакт со српските власти за Рамадани, како што побарале вчера, Мицкоски, повторно повика да не се дозволи „нашите соседи да покажуваат мускули кај нас“, порачувајќи дека „пред никого не поднесува објаснувања“.

-Така што, ве молам да не дозволиме, повторно апелирам нашите соседи да покажуваат мускули кај нас. Инаку, јас пред никого не поднесувам објаснувања“, истакна Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button