
Здружението на енергетски инженери го критикува проектот за хидроцентралата Чебрен, кој Владата го додели за изградба и управување во јавно-приватно партнерство на грчка компанија. Договорот за концесија на водите на Црна Река за изградба на хидроцентралата Чебрен е штетен за државата, смета професорот Димитров. Според него, Македонија можела и морала да го гради Чебрен со сопствени средства за да ја намали енергетската зависност на државата и да има повеќе од 33% профит.
Советникот на премиерот за енергетика Виктор Андонов рече дека овој проект веќе три децении се планира да се реализира со странски партнер.
Здружението своето незадоволство од владината одлука досега го манифестираше со неколку протести под мотото „Чебрен и водите мора да бидат македонски“.
Аднан Ќаили