Да тргнеме во акција, мото на ВРЕДИ за работа во новата Влада
Да тргнеме во акција, мото на ВРЕДИ за работа во новата Влада

ВРЕДИ ќе биде гаранција за европско забрзување, ќе се бори против криминалот и корупцијата, економскиот развој, а посебен фокус ќе има прашањето на децентрализацијата, односно инвестирањето во општините. Ова го изјавија кандидатите за највисоките позиции во новата влада. Со мотото „Да тргнеме во акција“, кандидатите за министри и лидерите на коалицијата ВРЕДИ, истакнаа дел од точките на владината програма. Изет Меџити, рече дека легитимниот претставник на Албанците во земјата е ВРЕДИ.
„Постојано не обвинуваа дека немаме легитимитет. Денес, повторувам пред вас, ВРЕДИ е победник на изборите во албанскиот политички кампус. ВРЕДИ е новиот политички фактор кој со легитимитет, достоинство и одговорност ги претставува Албанците. ВРЕДИ е новата политичка структура која ќе биде носител на успешна институционална транзиција “, рече Изет Меџити, коалиција ВРЕДИ.
Арбен Таравари ги истакна главните столбови на идната владина програма, во која е предложен за министер за здравство.
„Првата точка е забрзувањето на европската интеграција за која Коалицијата ВРЕДИ е гаранција во Владата во партнерство со ЕУ и САД. Втората точка е бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, за која подетално ќе разговараме во првите 100 дена од нашата влада. Третата точка или столб е економскиот развој на земјата и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните. И четвртата точка е еднаков, регионален развој и зајакнување на општината како основна единица на демократијата. Тука мислам на децентрализацијата“, рече Арбен Таравари, коалиција ВРЕДИ.
Од друга страна, Билал Касами, рече дека новата влада ќе се фокусира и на развојот на општините.
„Благодарение на минатиот режим, Северна Македонија е признаена како најцентрализирана држава во Европа, но ВРЕДИ како дел од новата влада ќе ги спроведе точките од својата програма, меѓу кои е и целосната локална децентрализација. Ќе ја спроведеме европската практика на децентрализација што значи повеќе буџет и поголема моќ за донесување одлуки за нашите општини “, нагласи Билал Касами, колаиција ВРЕДИ.
Беким Сали од Алтернатива рече дека внимавале да се задржи застапеноста на Албанците во извршната власт.
„Бевме фокусирани на институциите поврзани со реализацијата на нашата политичка програма, со цел да работиме сериозно и посветено во процесот на интеграција на земјата во Европската унија, но и овозможувајќи економски, здравствени, социјални и еколошки политики, со кои веруваме дека значително ќе го зголемиме квалитетот на животот на нашите граѓани“, додаде Беким Сали, коалицијата ВРЕДИ.
Во новата влада коалицијата ВРЕДИ ќе има шест министри, двајца заменици-премиери и седум заменици-министри. Ќе има и државни секретари во ресори предводени од нивните кадри и околу 400 директори и раководители на институции. Како резултат на договорот со ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши стана претседател на Собранието./Алсат.мк
Суад Бајрами