
Далас ја продолжува трката со Денвер за првата позиција на Западот и по натпреварот против Шарлот во кој тимот од Тексас славеше со 124-118. Лидер на тимот одново беше неверојатниот Лука Дончиќ. Словенецот и овој пат беше покус за една асистенцицја да забележи трипл-дабл учиник проследен и со 23 поени и 12 скокови за 36 минути поминати во игра.
На спротивната страна тоа му помина од рака на Бол кој забележа 30 поени, 10 скокови и 13 асистенции. Феникс стави крај на серијата од три порази во низа со триумф над Детроит од 106-120 во натпревар во кој блесна Кевин Дурент со 41 поен, 5 асистенции и 4 скокови. Во останатите натпервари: Сан Антонио – Торонто 116-123, Кливленд – Голден Стејт 115-104, и Портланд – Мемфис 100-112.