
Кошаркарите на Далас Маверикс се вратија на победите во НБА лигата, откако му го нанесоа четвртиот пораз на Вашингтон Визардс (117-130). До победата во престолнината Мавси дојдоа со подобра игра во првото полувреме во кое направија двоцифрена предност, а потоа успеаја да ја одбранат. Најефикасен на паркетот беше искусниот Тим Хардавеј со 31 поен, додека Дончиќ уфрли „дабл-дабл“ со 26 поени и десет скока. Кај Визардси на врвот на листата стрелци беше Кајл Кузма со 22 поени.
Извор: Гол