Дали годинава конечно ќе се донесе Законот за висока раководна служба?!
Дали годинава конечно ќе се донесе Законот за висока раководна служба?!

Законот за висока раководна служба, познат како закон за Топ менаџмент, кој предвидува да поставува построги критериуми за избор на директори, се очекува да биде усвоен во октомври годинава. Владата го има воведено во владината програма за 2025 година, додека во своето образложение наведува дека законот се усвојува, бидејќи во законодавниот дом на земјата не постои јасно ограничување помеѓу политичкото и професионалното ниво, односно не се јасно дефинирани и одредени критериумитеза високата раководна служба.
„Со Законот за ВРС ќе се воспостави истата постапка за именување на раководни позиции, професионализација на раководни позиции – одделно од политичкиот менаџмент, со политичка одговорност. Главната цел е унапредување на јавните услуги, поголем придонес во модернизацијата на државната администрација, и зајакнување на доброто владеење како иманентен принцип во работата на јавната администрација “, велат од Влада на РСМ.
Законот е ветуван речиси една деценија, а заложбата за негово донесување ја иницираше поранешното министерство на Дамјан Манчевски, но не успеа. Понатаму, министрите Јетон Шаќири, Адмирим Алити и Азиур Алиу, како министри за информатичко општество и администрација беа ангажирани и ветија донесување на истиот, но и тие не успеаја. Сега, законот ветува дека ќе биде одобрен во време кога со Министерството за администрација раководи министерот Горан Минчев.
Експертите постојано го критикуваат одложувањето на усвојувањето на законот. Според нив, ова се должи на недостаток на политичка волја, но и страв од губење на влијанието во власта. Партиите, според експертите, со усвојувањето на законот што ги принудува институциите да избираат професионални, а не партиски војници, ја губат контролата врз лојалноста на партиското членство, кои имаат апетит да бидат наградени со директорско место за возврат на нивната заложба за собирање гласови.
За потребата од усвојување на овој закон алармираше и граѓанскиот сектор, а неговото одобрување целосно го бараат од Европската комисија. Правното решение предвидува воспоставување на филтер за спречување на партиски назначувања во дирекции и секретаријати без релевантна квалификација. Сепак, останува нејасно која верзија на предлог-законот ќе биде одобрена, бидејќи има неколку измени со јавните дебати. Особено, во најновата верзија, која ги омекна ригорозните критериуми за филтрирање на кандидатите што ги предвидуваше верзијата од 2019 година./Алсат.мк
Суад Бајрами