ЕКОНОМИЈА
Дали и за колку би можело да се очекува поевтино млеко? Еве што велат од ССК

Од Сојузот на стопански комори очекуваат дека цената на млекото и млечните производи во периодот што следува би требало да се намали за околу 7-10 проценти. Како што рече претставникот од ССМ во вечерашното издание на емисијата „360 Степени“ на Алсат, Горан Георгиевски, намалувањето се очекува да биде во рамки на намалувањето на цената на струјата за компании од прехранбената индустрија.
„Во зависност од интерните калкулации, чинам дека би се движела во тие рамки. Колку што знам, од 7-10 проценти би било намалувањето на електричната енергија, тоа би значело дека толку ќе се намали таа цена“, рече Георгиевски.