ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали ќе има ревизија на проeктот Тетово-Призрен?

Дали ќе има ревизија на проeктот Тетово-Призрен?

Владата ќе работи со општина Тетово на дефинирање на проектот за изградба на патот Тетово-Призрен. Министерот за транспорт Александар Николовски изјави дека е потребно да се направи проект за да се види дали има потреба од промена на основниот план.

Advertisements

Институциите во Косово веќе ја почнаа изградбата на патот од нивна страна што треба да ги поврзе двата града. Првичниот план, меѓу другото, предвидуваше тунел од 6 километри. Цената на проектот се очекува да биде околу 200 милиони евра. Владата на Косово неколку пати повика да нема одложувања во изградбата на патот од македонска страна.

За ова прашање заменик-министерот за транспорт Калтрина Зеколи одржа средби во Приштина. Сепак, официјални лица во Скопје и Приштина разговараат и за друга можна инфраструктурна врска. Николовски бара сериозна заложба од Владата на Косово да инвестира во железничко поврзување со Скопје и на Солун.

Надлните за транспорт во Приштина се поканети во официјална посета на Скопје во врска со овие проекти./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button