ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали ќе се гласа за градоначаланици во Аеродром, Сарај и Гостивар

Дали ќе се гласа за градоначаланици во Аеродром, Сарај и Гостивар

Се очекува ДУИ да даде поддршка на предложените измени на Законот за локална самоуправа, кои утре се на дневен ред пред пратениците. Гласањето на пратениците на Европскиот фронт е важно, бидејќи за да се одобрат измените потребно е да има бадентерово мнозинство, а не само двотретинско мнозинство. Неофицијално, се шпекулира дека партијата на Ахмети ќе даде поддршка, како што гласаше и за законот за реорганизација на државните органи.

Advertisements

Друга партија која исто така треба да изгради став за законот е СДСМ. Тие ветија дека ќе го сторат тоа веднаш штом ќе имаат конкретен предлог.

Измените на законот се потпишани од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ и со нив се овозможува да не се организираат предвремени избори во Општините кои останаа без градоначалници до редовните избори. Партиите потоа мора да се договорат за целосно нов закон за локална самоуправа и трајно решение. Доколку предложените измени не бидат одобрени, на почетокот на следната година треба да се организираат предвремени избори во трите општини Аеродром, Сарај и Гостивар. Оние градоначалници кои евентуално би биле избрани на предвремените избори, според актуелниот закон, ќе мора да имаат мандат до редовните избори, до октомври следната година.

Аеродром, Сарај и Гостивар се со в.д. градоначалници, бидејќи нивните поранешни челници избрани на директни избори во 2021 година добија нови позиции. Тимчо Муцунски стана министер за надворешни работи, Блерим Беџети стана пратеник, а Арбен Таравари, министер за здравство./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button