

Алсат
20.07.2020 08:34
Фитнес тренерите го прогласиле компирот за храна која дебелее. Тие тврдат дека поради високиот гликемичен индекс и големата содржина на скроб, компирот не е погоден за слабеење. Меѓутоа ова не е вистина.
Според последните истражувања за влијанието на компирот на телесната тежина, оние кои во текот на шест седмици секојдневно конзумирале седум до девет компири всушност не се дебелееле, туку напротив ослабнале, меѓутоа правилно го комбинирале компирот во исхраната. Ова се објаснува со тоа што компирот предизвикува чувство на ситост, а содржи малку калории.
Еден компир во просек содржи од 100 до 129 калории, значи два и пол пати помалку од лебот. Но ако секојдневно јадете помфрит или чипс, секако дека ќе се здебелите, бидејќи со ваквиот начин на подготовка компирот содржи многу повеќе калории поради масностиите кои ги има во себе.
Кога се зборува дека компирот е здрав, не се мисли на помфритот, бидејќи тој спаѓа во најнездравата храна, поради пржењето во масло на висока температура. Затоа компирот треба да се јаде варен или печен и притоа правилно да се комбинира со останатата храна.