ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали на Мерко ќе му се одземат ингеренциите во образованието?

Дали на Рамиз Мерко ќе му бидат одземени ингеренциите во образованието, по серијата обвиненија против него за незаконско поставување на директори во повеќе основно училишта во општината, од министерството за образование ниту потврдуваат ниту негираат. Велат дека деновиве биле извршени вонредни контроли во повеќе општински училишта.

Advertisements

„Министерството за образование и наука ќе постапи соодветно откако ќе ги добие записниците од Државниот просветен инспекторат за спроведените надзори во училиштата во Струга“, велат од Министерството.

Во меѓувреме против Мерко активни се осум обвиненија.Од нив дури пет се за незаконско поставување на директори. Последното обвинение беше покренато вчера за незаконско назначување на в.д директор во училиштето во селото Радолишта. Големиот број на кривични пријави, покренуваат и дилема дали тој и натаму треба да ја извршува градоначалничката функција поради нарушениот кредибилитет.

„Во законот постои одредба каде станува збор за губење на функција доколку стори одредено кривично дело. Тоа е нешто кое треба да се анализира и да се види. Меѓутоа она што е моралната страна на овој проблем и кој граѓаните го очекуваат не само за овој градоначалник, туку за сите кои се на црната листа не проигра некоја улога.Ова е нешто кое моралната димензија мора многу да се цени и прашањето е дали во една ваква ситуација едно лице не размислува за личните однесувања“, рече Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур.

Законот ги штити градоначалниците од смена пред истекот на мандатот.

„Дали како избрано лице без разлика дали има кривична одговорност или не, во одредена ситуација може да биде разрешен како што станува збор за пратениците или други избрани лица. Кај градоначалниците такво нешто е невозможно и мислам дека во наредните законски измени во делот на изборните елементи треба да се предвиди можноста за нивно разрешување, како што постои можност за разрешување на сите други јави личности“, додава Цаца Николовска.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински вчера најави промени на дваесеттина години стариот закон за локална самуправа со можност да се отповика градоначалникот.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button