ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали по одлуката на Управниот суд, БЕСА ќе ја урива Владата на Заев?

Кандидатот на БЕСА, Блерим Сејди и официјално е новиот градоначалник на Желино. Управниот суд доцна попладнево ја прифати тужбата на БЕСА за одлуката на ДИК за избирачкото место 2107 во оваа општина, со што таму нема да има прегласување како што претходно побара ДУИ. По вториот круг Сејди победи со само 69 гласа предност пред кандидатот на интегративците, Фатмир Изаири.

Advertisements

Но, по жалбата на ДУИ, ДИК одлучи да има прегласување поради евидентирани неправилности. Токму оваа одлука на Комисијата беше повод пратениците на БЕСА да се потпишат на иницијативата на македонската опозиција за поднесување на иницијатива во Парламентот за изгласување недоверба на Владата. Во неа како партија и самите сè уште се дел. Имаат министер за земјоделство, генералниот секретар, Аријанит Хоџа.

Токму тој минатата недела изјави дека со приговорот за гласањето во Желино, ДУИ им забил нож во грбот и ја поддржаа иницијативата на ВМРО за уривање на актуелната власт.

Попладнево Алсат постави прашање до БЕСА дали по денешната одлука на Управниот суд и понатаму остануваат на ставот да гласаат за паѓање на Владата на Заев? Одговор не добивме.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button