Дали го изневеривте Села? Еве што вели Гаши

Претседателот на партијата Алтернатива, Африм Гаши, не сака да се враќа назад и да разговара за минатото, со што индиректно на некој начин го избегнува одговорот дали ги предал Зиадин Села и Алијансата за Албанците или не. Гаши дури вели дека неговиот политички субјект сака да ја остави отворена вратата за соработка во иднина, нагласувајќи дека не е време за политичка војна.
„Ние во никој случај не користиме такви термини, тоа не е дел од нашиот вокабулар… Што се случи во меѓувреме и вие и граѓаните со анализа на политичките дејствија на сцената, можете да го најдете одговорот. Но, Алтернатива не сака да се враќа во минатото, сакаме да ја оставиме вратата отворена за соработка во иднина, си требаме и не треба да се караме. Да, мора да докажеме кои сме и на што сме посветени. Не го провоцирајте противникот или некој што размислува поинаку. Мислам дека овој пристап, доколку почне да го спроведуваат сите субјекти, мислам дека би живееле во сосема поинаква политичка клима, но за жал сѐ уште не сме подготвени како општество да прифатиме таков политички курс“, изјави Гаши.