ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали пролонгиран старт на учебната година или пролетен распуст

Дали пролонгиран старт на учебната година или пролетен распуст

Комисијата за човечки ресурси на Министерството за образование следната недела ќе ги презентира трите предлози за почеток и крај на учебната година, а во рок од 10 дена ќе се знае дали ќе има поместување на стартот на учебната година.

Advertisements

„Наредната недела на седницата за човечки ресурси ќе има претставници од синдикатите, од Сојузот на ученици, ќе ги разгледаме одблиску мислењата и заедно кога ќе одлучиме ќе предложиме до Владата. Во рок од десет дена ќе го имаме точниот датум за почеток на новата учебна година. Сакаме да ги земеме предвид климатските случувања, уште една причина што ја гледаме е можноста многу земји да имаат пролетен распуст, сите се земени предвид во анализата, сето ова се прави за доброто на образовниот процес”, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Шаќири подвлекува дека без разлика на одлуката, учениците нема да изгубат ниту еден ден од наставата.

„Без разлика која одлука ќе биде донесена, важно е што во рамките на оваа учебна година од почеток ќе се одлучи да се одработат сите денови врз основа на Законот за работен календар. Знаете дека 1 септември е петок, и 8 септември кога е државен празник е петок, знаеме дека од податоците што ги добивме во овој период има многу ученици кои отсуствуваат“, рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Новата учебна 2023-24 година се предлага да започне од средината на септември и да заврши на крајот на јуни. Сепак, 1 септември можеби ќе остане како датум за почеток на годината во текот на учебната година ќе се воведе краток пролетен распуст.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button