ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Дали разликата во годините е пречка за врската?

Австриските научници ги истражувале правилата на еволуцијата сè со цел да откријат зошто мажите сакаат помлади жени од нив и која е причината поради која се поголем број на жени сè привлечени од зрели и постари мажи.

Advertisements

Воедно, ова е прво истражување кое се занимавало и со идеалната разлика во годините за постигнување на максимална плодност, односно посакуван број на деца помеѓу партнерите. Никој претходно не докажал дека разликата во годините има влијание врз бројот на децата.

Многу мажи сонуваат за помлада жена, па често, во одредени години ги напуштаат браковите или долгогодишните врски како би си го оствариле сонот да имаат врска со помлада жена и желбата да имаат уште деца. Оттука доаѓа и фактот дека младите жените се повеќе се вљубуваат во постари мажи, бидејќи така се чувствуваат сигурно.

Експертите за љубовни врски се согласни дека разликата во годините влијае на самата врска, во некои врски – позитивно, во некои негативно. Ако во врската, влог е љубовта, а не калкулации за материјалниот статус на другиот партнер, а станува збор за две возрасни и зрели личности, тогаш големата разлика во годините не е ризик – фактор за успешен брак. Колку и да е голема разликата во годините, доколку партнерите ги поврзуваат заеднички интереси и симпатии, шансите за успех на врската постојат.

Иако околината најчесто ги осудува врските во кои разликата во години помеѓу партнерите е голема, сепак тие може да бидат квалитетни.

Потребно е партнерите во ваквата врска, впрочем како и во секоја друга, да разговараат искрено на сите теми и за сите дилеми. Нивниот брак не треба да биде со предзнакот „родителски“, туку треба да биде партнерски. Психолозите советуваат дека е важно партнерите во ваква врска да ја зачуваат брачната блискост.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button