ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали станува збор за партиски популизам или предлогот за Собранието да добие полиција или соодветно обезбедување  е оправдан, ќе се докаже допрва, сметаат експертите

Дали станува збор за партиски популизам или предлогот за Собранието да добие полиција или соодветно обезбедување  е оправдан, ќе се докаже допрва, сметаат експертите

Длабинска анализа ќе покаже дали предлогот е оправдан или се работи само за партиски популизам, вели за Алсат Владимир Пивоваров, експерт во полето на безбедноста, коментирајќи ја идејата Собранието да добие полиција или соодветно обезбедување само за законодавниот дом. Според Пивоваров, во вакви случаи најважно е да се направи сериозна проценка од тоа дали и колку е потребно вакво нешто бидејќи Собранието веќе го обезбедува полиција, но и да се направи дистинкција на одговорностите доколку овој предлог се реализира.

Advertisements

“Значи дали ние немаме доверба во Шеста управа при МВР, значи ако немаме доверба тогаш сериозно треба да постапиме кон овој дел. Што ако се случи да полициските сили треба да влезат во Собрание, дали ќе имаме судир вооружен, тие се вооружени лица, помеѓу собраниските, како што е предлогот и полициските сили. Значи тоа е само еден предлог кој навистина сериозно треба да се елаборира, сериозни луѓе треба да учествуваат во овој предлог, а не политички страни со розови очила да го гледаат, рече Владимир Пивоваров, експерт во областа на безбедноста.

Покрај за тоа како ќе функционира на терен, Пивоваров вели дека потребен е сериозен пристап и во законскиот дел, но и да се види какви финансиски импликации ќе донесе овој предлог.

„ Секако треба да се носат нови закони за оваа полиција – кој дава наредби, кој извршува наредби, да се направат протоколи. Значи сето тоа е многу важно за функционирање во законскиот дел. И она што кај нас е многу важно да се направи е економскиот дел – под чија ингиренција ќе бидат овие, дали под Министерство, дали ќе биде под Собрание економскиот дел дали ќе имаме финансиски импликации многу поголеми од досегашните„, додаде тој.

За оваа идеја веќе е формирана работна група од страна  претседателот на Собранието, во која се вклучени и претставници на Влада, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда, а неделава ќе се одржи и состанок за да се прецизираат деталите. Идејата за собраниска полиција беше дадена уште во 2017 година, кога се случија немирите на 27 април во Собранието, а токму пропустите на тогашните безбедносни структури овозможија толпата да влезе внатре./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button