
Петокот за поголем дел од државната администрација како да не е работен ден. Често се слуша дека администрацијата си го поврзува со викендот, додека за вработените во исламската вера, петокот се поврзува со џума односно петочната молитва и ретко кој се враќа на работа по нејзината молитва за исполнување на полно работно време. Овој феномен не е непознат и за остатокот од светот, постојат држави кои веќе подолго време применуваат скратено работно време во петок како што е примерот во Албанија. Анкетиравме повеќе вработени лица, а повеќето од нив велат дека скратеното работно време во петок ќе ја ззголеми продуктивноста во другите денови.
„Но, секако дека ќе биде многу поефикасно бидејќи сега во ова жешко време, ако излеземе порано денес, утре ќе бидеме посвежи за да го дадеме својот максимум во служба на граѓаните. Верувам дека властите ценат колку сме продуктивни, тие знаат подобро, но тешко е на овие температури да се остане 8 часа во канцеларија. Се надевам дека многу скоро тој процес ќе стигне и до нас“, велат граѓаните.
За да се легитимира ваквата идеја кај нас, треба да се направат законски измени. Досега имало вакви иницијативи, но тие никогаш не добиле одобрение од собранието. Во Албанија, сличен модел е предложен и за поголема флексибилност на работното време, каде скратените работни часови во петок се распределени за околу половина час во текот на останатите 4 работни дена. Скандинавските земји, се први кво кои се укина работата во петок, а продуктивноста измерена во останатите четири дена е многу поголема.
Аднан Ќаили