Дали високиот IQ коефициент гарантира успех?

Сте се запрашале ли некогаш како најбистрото дете од вашето одделение, кое секогаш знаеше се, сега после толку години заврши во секојдневна рутина на дома-работа во фирма која воопшто не постигнува успеси?
Веројатно, коефициентот на интелигенција и не е баш пресуден за успех во животот. Според тврдењата на психологот Ангела Дакворт, тајна на успехот лежи во истрајноста и трудот.
Нејзините долгогодишни истражувања довеле до потврда на мислењето дека “Напорната работа го победува талентот, кога талентот не работи напорно“.
Академските вештини и коефициентот на интелигенција се чини не се сами по себе доволни за успех. Она што им недостасува е страст кон она што го работат.
Дакворт смета дека патот до успехот е еднакво важен како и самиот резултат на крајот.
Колку брзо вашите вештини напредуваат кога во нив ќе вложите енергија е напор, тоа е талент. Успехот доаѓа кога ќе ги вложите сите стекнати вештини во една работа.
Според неа, силен карактер имаат луѓе кај кои се изразени 4 особини:
Интересирање, практичност, цел и надеж.