ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали властите се повлекуваат од разрешувањата во Судски?

Покрај тоа што извештајот за работата на судскиот совет не го помина собранискиот филтер, а во меѓувреме се подготвува нов закон за судски како дел од долгонајавуваните реформи, надлежните органи и натаму немаат конкретен став за тоа дали ќе се разрешуваат членовите на судскиот совет избрани од Собранието. Министерот за правда вели дека тоа е само една од опциите, иако сегашниот закон не ја нуди таа можност.

Advertisements

„Со сегашниот таква можност не постои, се разгледуваат сите опции, наскоро ќе имаме брифинг на таа тема, ќе бидете повикани, па ќе дискутираме“, рече Игор Филков, министер за правда.

Разрешувањата на петмината членови на советот избрани во советот треба да се случат токму во законодавниот дом, но претседателот Африм Гаши вели дека пред да се донесе конечна одлука треба да се побара мислење од сите релевантни институции.

„Прво да констатираме дека темата е покомплексна, сакаме да биде долгорочно решен проблемот, сме во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде издржливо, одржливо и ќе биде долгорочно“, вели Гаши.

Откако законодавниот дом не го усвои извештајот на работата за судскиот совет за 2023 година и членовите се соочија со сериозни критики за работата, а постојано се најавуваше и дека ќе биде активирана можноста да бидат разрешени членови кои се избрани токму во законодавниот дом. Сепак, и покрај таквата реторика, тоа досега не се случи, иако вчера и премиерот Христијан Мицкоски рече дека разрешувањата треба да се случат и дека тие се дел од најавите на власта за реформи во правосудниот систем.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button