ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Дали зголемувањето на ДДВ-то ќе ги зголеми сметките за струја? Еве што вели Бислимовски

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека со новите одлуки за корекција на цените на струјата за домаќинствата, би се избегнал ефектот од зголемувањето на ДДВ-то.
„Зголемувањето на ДДВ-те ќе има одредено влијание, но тоа е сведено некаде на 1 до 1,5%, во зависност од потрошувачката којашто ќе ја имаат домаќинствата. Така што, тоа што можеше да се направи кај домаќинствата, за да го избегнеме ефектот од зголемувањето на ДДВ-то, ние го направивме со нашата одлука“; рече Бислимовски.