ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Весна Дамева и Тања Чачарова-Илиевска, членови на Судскиот совет, за кои владејачкото мнозинство поднесе интерпелации со Собранието денеска изјавија дека ги анализираат документите и дека ќе го соопштат својот став во јавноста. Чачарова Илиевска смета дека во интерпелацијата за неа се зборува за колективна одговорност.

Advertisements

Интерпелацијата поднесена во Собранието ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и во фаза сум на анализирање на причините и генерално на нејзината содржина. Кога ќе го изградам својот став ќе ѝ биде соопштено на јавноста, нема да остане јавноста без одговори, односно без мое произнесување, изјави членот на Судскиот совет Весна Дамева по поднесените интерпелации во законодавниот дом од страна на пратеничките групи на владејачката коалиција за пет членови на Судскиот совет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button