Дамева за ДВ: На јавноста ѝ е јасно зошто сум разрешена

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, во изјава во изјава за „Дојче Веле“ (ДВ) вели дека е убедена оти на јавноста ѝ е познато зошто била разрешена од функцијата.
Таа излезе со истата порака како и кога беше разрешена дека во судовите нема место за корумпираните судии и затоа вели, ќе остане да биде член на Судскиот совет додека не се обидат да ја отстранат и оттаму.
„Што се крие зад ’вистинските‘ причини за моето повторно разрешување, без присуство на јавноста, со грубо прекршување на сите правила и процедури, убедена сум дека тоа на јавноста и е веќе добро познато. Јас останувам доследна на изјавата која ја дадов на денот на мојот избор за претседател на Судскиот совет – дека за корумпираните судии нема место во судовите. Од оваа заложба не отстапувам и токму поради тоа останувам да бидам член на Судскиот совет, сè додека не се обидат да ме ’отстранат‘ и од таа позиција. За корумпираните судии компромис нема. Граѓаните заслужуваат да живеат во правна држава во која владее правото, а државата заслужува самостојно и независно судство“, вели Дамева за ДВ.