ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Данела Арсовска го напаѓа Чаир по наредба на функционери на ДУИ

Данела Арсовска го напаѓа Чаир по наредба на функционери на ДУИ

Мажите од ДУИ се кријат зад градоначалничката на Град Скопје Арсовска. Ова во интервјуто за Алсат го изјави градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу. Според него, градоначалничката го напаѓа Чаир според директивите на ДУИ, додека сите проекти што требаше да се реализираат во Чаир беа спречени од поранешната Влада и функционери на ДУИ.

Advertisements

„Г-ѓа Арсовска ја презеде задачата да игра и да ја напаѓа Општина Чаир, бидејќи уште еднаш ќе повторувам функционерите на ДУИ, или мажи на ДУИ народски кажано се скриени позади г-ѓа Арсовска. Тие најдоа стратегија г-ѓа Арсовска да биде на терен, тие да бидат зад сцената, во сенка се луѓето што ги споменавме неколку пати“ – Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир.

Ганиу рече дека жителите на Чаир како даночни обврзници собрале 18 милиони евра даноци за Град Скопје, додека Арсовска нема реализирано ниту еден ветен проект во текот на овие четири години.

„…излезе и на терен и ме злоупотреби и мене за проширување на улицата „Цветан Димов“, бевме дел од тој проект, придонесовме со средства направивме договор за меѓуопштинска соработка…и за момент го запре тој проект кој е од витално значење за нас и кој го попречува функционирањето во нашата општина“ – Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир.

За создадената ситуација со Град Скопје, реагираше и ВЛЕН. Од таму велат дека ДУИ заедно со Арсовска и Димитар Апасиев се здружиле против Албанците од Чаир. Според нив, ДУИ решил да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре ВЛЕН.

„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне подолу, тука доаѓаме до најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир. Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети кон Албанците, веќе стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи во живот стариот режим на Блерим Беџети. Ова е унија на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН“ – ВЛЕН.

Во последната недела се засилија обвинувањата и контраобвинувањата меѓу Општина Чаир и Град Скопје. Арсовска обвини за нелегална градба во Чаир, а Ганиу и Меџити најавија тужби против Арсовска.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button