Данела Арсовска на чаирчани им вети парк, но имаат депонија за шут
Данела Арсовска на чаирчани им вети парк, но имаат депонија за шут

Мега-паркот што Град Скопје ѝ го вети на општина Чаир, не само што не почна да се гради, туку избраната локација е во уште полоша состојба од април кога последен пат ја посетивме. Уништени корпи за отпадоци, ѓубре и уништено игралиште. Граѓаните велат дека не се изненадени што сè уште не започнале работите, бидејќи според нив, веќе се навикнати институциите да ветуваат многу, а ништо да не реализираат.
“Кај нас секогаш е така. Нешто се ветува, но ништо не се работи“, рече една ѓраѓанка.
“Институциите не работат. Државата не работи. Здравството не функционира. Судството не работи. Образованието не функционира. Никој не се грижи за ништо. Секој се грижи само за својот џеб. Ова нема врска со религија, националност или боја, ние имаме нула култура. Ништо не се цени, ништо не се почитува“, додаде друга граѓанка.
“Ова е мизерија. Нема инвестиции. Сега и по ветувањето на Арсовска ништо не е направено. Ништо не е направено за овој парк. Што се однесува до парковите овде, кога раководеше Ардијан Муча, многу се грижеа за овој, но и за другите паркови. Но, сега кога презеде Арсовска, не дојдоа ниту еднаш откако почнаа да работат, еднаш не дојдоа ни да го видат“, рече еден граѓанин.
Од општина Чаири велат дека реализацијата на овој проект е во надлежност на Градот, а доколку имало потреба ќе дадат поддршка. Градоначалникот Висар Ганиу во април дури даде и детали за проектот.
„Тоа е навистина голем простор, приближно 11 илјади м2. Во државна сопственост е, мал дел е приватен и сметаме дека тоа ќе биде првиот капитален инвестициски проект што Град Скопје ќе го направи во општина Чаир“, рече Висар Ганиу, Градоначалник на Чаир.
Алсат прати прашања во Град Скопје, но оттаму не ни одговорија ништо. Мега-паркот беше едно од главните ветувања на Данела Арсовска за жителите на Чаир во предизборната кампања./Alsat.mk
Еви Шкопи