ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Данела Арсовска одговори дали формира партија

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ниту ги потврди ниту ги демантира гласините дека ќе се активира политички преку новоформирана партија. Таа денеска одговори дека во моментов е посветена на работата во Градот, а ако има поинакви одлуки, веднаш ќе ја извести јавноста. Ова следува откако вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им посака среќа на Арсовска и на екс-премиерот Никола Груевски. Тој ова го кажа во одговор на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ стравува од евентуална нова партија на политичката сцена која би била предводена токму од Арсовска и Груевски.

Advertisements

„Многу ми е мило што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се занимава со мене во изминатите две години и му посакувам да продолжи така, затоа што тој сакајќи да го подигне својот рејтинг, очигледно доста работи на тоа да го подигне и мојот. Лично сметам дека штом се плаши сигурно има зошто“, рече Арсовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button