ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Данела Арсовска во АЛСАТ кажа дали поддржува промена на Уставот

„Граѓаните се во право и кога грешат“. Вака градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска одговори на прашањето во емисијата 200 на Алсат, запрашана кој е нејзиниот став за уставните промени. Според неа, овој став не е ниту популистички, ниту пак ја зближува со ВМРО-ДПМНЕ. „Јас сум само на страната на граѓаните“, одговори таа. Целото интервју со Арсовска се емитува вечерва во 22.15 часот.