СПОРТФУДБАЛ

Дани Алвеш во „привремен притвор“ со платена кауција од еден милион евра

Судот во Барселона донесе одлука да го ослободи од затвор Дани Алвеш со кауција од еден милион евра до конечната пресуда за Бразилецот. Судот се согласил поранешниот фудбалер да биде во „привремен притвор“ со платена кауција од еден милион евра. Кога уплатата ќе биде потврдена, ќе му биде дозволено привремено да излезе на слобода, но нема да може да ја напушти Шпанија бидејќи судот му ги одзеде двата пасоши.

Да потсетиме, еден од најтрофејните фудбалери во историјата е осуден на четири ипол години затвор поради силување. Одлучено е дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна девојка во ВИП делот на еден ноќен клуб во Барселона. Судењето на поранешниот фудбалер заврши на 7 февруари годинава, а 15 дена подоцна ја дозна пресудата.

Обвинителството побара затворска казна од девет до максимум 12 години. Адвокатите на Алвеш го бранеа со фактот дека бил пијан. Претходно, неговото барање за кауција беше одбиено поради стравувањата дека ќе побегне во Бразил, кој не ги екстрадира своите државјани осудени на затвор во други земји.

Алвеш е приведен на 20 јануари минатата година. Тоа значи дека во затвор поминал една година и два месеци. Тоа време се смета за издржување на казната на која е осуден. Ова значи дека Алвеш, и покрај тоа што во февруари беше осуден на четири ипол години затвор за тешко кривично дело, веќе во мај годинава може да биде на слобода.

Причината е одредбата на шпанскиот закон според која по отслужување на третина од казната може да побара предвремено ослободување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button