ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Даниелсон и Солстром во Скопје на средби со Маричиќ и Мицкоски

 Заменик-министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во Министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром денеска го посетија Скопје како претставници на шведското претседателството со Советот на ЕУ.

Advertisements

Како што соопшти Амбасадата на Кралството Шведска, Даниелсон се сретна со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

-Напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, процесот на уставни измени и реформската програма за соработка на Шведска, која има за цел да и помогне на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ беа теми на средбите, информираат од Шведската амбасада. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button