СПОРТ

Данил Медведев се откажа и од турнирот во Доха

Откако минатата недела го откажа својот настап во Ротердам, рускиот тенисер Данил Медведев го направи истото и со турнирот во Доха кој е на програмата идната недела.

Advertisements

Во главниот град на Катар, тој требаше да ја брани титулата освоена лани што значи дека ќе загуби уште 250 бода и најверојатно ќе го влоши својот пласман.

„За жал, нема да можам да ја бранам титулата бидејќи уште не сум 100% подготвен. Жал ми е за турнирот, навивачите и спонзорите кои секогаш кон мене се однесувале прекрасно. Го сакам овој турнир и едвај чекам да се вратам таму“, изјави Медведев.

По неговото откажување, прв носител на турнирот најверојатно ќе биде Андреј Рубљов, а Јаник Синер има шанса со евентуална титула во Ротердам, да се искачи на третото место на АТП листата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button