СПОРТ
Данка Ковиниќ, е најголемoто изненадување на Австралија Опен

Црногорската тенисерка Данка Ковиниќ се пласираше во второто коло на Австралија Опен. Ковиниќ на стартот славеше против домашната тенисерка Лулу Сан со 2-0, по сетови 6-3, 7-5.
Тоа е нејзина прва победа на гранд-слем турнирите по две години и осум месеци. Откако не играше повеќе од една година, таа падна на 1.289. позиција на ВТА листата.
За 30-годишната девојка од Херцег Нови тоа беше прв настап на гранд-слем турнир по Отвореното првенство на САД во 2023 година и прв триумф по Ролан Гарос истата година кога стигна до третото коло на турнирот во Париз. Во следното коло црногорката ќе игра против Украинката Дарија Јастремска.