ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Даночната реформа, со меки мерки без нови даноци

Даночната реформа, со меки мерки без нови даноци

Во даночната реформа која вчера владата ја најави, нема речиси ништо ново, и затоа не може да се нарекува реформа. Според експертите станува збор за меки мерки кои нема да направат никаква промена во однос на даночниот систем. Даночниот експерт Павле Гацов за Алсат вели дека е добро тоа што владата се откажа од даночење на хонорарците, штедните влогови, и реинвестираните добивки. Предлага владата во иднина посериозно да се посвети на оваа проблематика.

Advertisements

„Би го поздравил укинувањето на можноста  за оданочување на штедните влогови, од орочените депозити. Да го нагласиме и делот за хонорарците, рекоа дека ќе се работи за доброволно плаќање на социјални придонеси“, рече Павле Гацов даночен експерт.

Според експертот Бранимир Јовановиќ кој беше советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, а со кој заедно ја напуштија владата токму поради одложувањето на прогресивниот данок, вели дека партијата која се претставува како социјалдемократска во последниве три години комплетно ја промени својата политика.

„Во земја во која има најголеми класни разлики, и во која има најголема стапка на сиромаштија во Европа, таа влада сега по неколку години од како дојде на власт целосно ја сврте приказната, сврти нов лист и сега работи исклучително само за богатите“, изјави Бранимир Јовановиќ Виенски институт меѓународни економски студии.

Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за Алсат потврдува го укинале прогресивното оданочување по барање на засегнатите страни исто како и останатите даноци кои беа претходно беа најавени. Премиерот вели има новини во ДДВ ставките кај одредени производи.

„Има одредени производи кои што сметаме дека се луксузни производи, како на пример тартуфи, перки од ајкула, морски кучиња, кои што се производи од повисока класа и сметам дека тие не треба да бидат со повластена стапка од пет отсто, ќе бидат со повластена стапка за да не предизвика одреден инфлаторен ефект ќе бидат со 10 проценти“, изјави Димитар Ковачевски премиер.

Владата најави дека ќе се бори против сивата економија а во државната каса ќе собира над 70 милиони евра на годишно ниво од оваа даночна реформа.

Иле Петревски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button